Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТројца работници се затруле со јаглерод моноксид во РЕК-Битола

Тројца работници се затруле со јаглерод моноксид во РЕК-Битола

Тројца работници се повредени во несреќа што денеска се случила во РЕК – Битола. Како што дознаваме, работниците биле ангажирани на ремонт на првиот блок на РЕК – Битола, односно заварувале цевковод.

Според извори од битолската полиција, тројцата работници вдишале јаглерод моноксид и во состојба на безсознание се пренесени во Клиничката болница во Битола.

Настанот го потврди портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, која повеќе детали за случајот најави за подоцна.

Стаматова засега само потврдува дека тројцата работници се надвор од животна опасност.

Извор:Мета