Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисТроицки победи, Браун ги собра аплаузите

Троицки победи, Браун ги собра аплаузите

Српскиот тенисер Виктор Троицки во еден извонредно возбудлив натпревар го совлада најголемото изненадување на Вимблдон Дастин Браун. На Троицки му беа потребни два часа и осумнаесет минути за да победи со 3:1 во сетови. Натпреварот изобилуваше со одлични потези и голема пожртвуваност на двата тенисери. Прв поведе Троицки со 1:0 во сетови, потоа Браун успеа да се врати во натпреварот и да ја врати неизвесноста, сепак на крај во два возбудливи сета србинот беше подобар и успеа да дојде до осмина финалето на Вимблдон. За Троицки ова ќе биде второ осмина-финале на Вимблдон кое претставува и негов најдобар пласман на турнирот.

Најубавиот поен на натпреварот сепак беше дело на Браун:

https://www.youtube.com/watch?v=tepD-hBZCPo