Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАТрикратниот убиец од Кавадарци седна на обвинителна клупа

Трикратниот убиец од Кавадарци седна на обвинителна клупа

Во Основниот суд во Велес започна судскиот процес противТони Станоев од Кавадарци кој е обвинет за тројното убиство кое го извршил  во ноември лани во домот на родителите на неговата

Според тогашните информации Станоев  отишол во домот на неговата сопруга (од која се разведуваше) за да разговараат, но таа била отсутна. Семејната драма која имаше трагичен крај започнала со расправија помеѓу Станоев и родителите и сестрата на неговата сопруга. Сега обвинетито извадил пиштол и со по еден истрел  ги усмртил 61-годишниот Илија Л., пет години помладата Билјана Л. и нивната 33-годишна ќерка Снежана Л., сите од Кавадарци.

По убиството кое ја потресе и згрози јавноста во Македонија, Станоев неколку дена беше во бегство,а случајот во полиција го пријави неговата сопруга.

Два дена по бегството, трикратниот убиец беше уапсен на гробиштата во Кавадарци, заедно со пиштолот со кој ги извршил убиствата за кој имал дозвола за поседување

За овој случај кривични пријави, , заработија и вработени во Центарот за социјални работи, но и полицајци, бидејќи не постапиле по пријавата на сопругата на обвинетиот дека тој се заканувал и не му го одзеле пиштолот.