Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТригодишно девојче мигрант оставено на милост и немилост, Хрватите не можат да комуницираат со неа

Тригодишно девојче мигрант оставено на милост и немилост, Хрватите не можат да комуницираат со неа

Помеѓу бегалците кои го преплавија Балканот има голем број на деца сирачиња. Пред повеќе од еден месец во парк во Велика Горица, Хрватска, прнајдена е тригодишна напуштена бегалка.

– Таа веднаш била сместена во Домот за незгрижени деца во Загреб, каде вработените се обидуваат да комуницираат со неа, но проблемот е што не знаеле ниту на кој јазик зборува, пишува хрватски „Нет“. Од домот велат дека не знаат како се вика, туку со неа се разбираат преку гестови, но и дека веќе ја научиле неколку хрватски зборови.

Воспитувачките се обиделе да зборуваат со неа со помош на преведувачи од арапски и од турски јазик, но без успех. Реагирала само на урду, официјалниот јазик на Пакистан, но говорникот бил дете и со него не сакала да разговара, како што претпоставуваат од Домот, затоа што е машко.

За девојчето нема никакви податоци, а се претпоставува дека има околу 3 години, затоа што покажува зрелост за таа возраст. Постојат и неколку акции преку „Фејсбук“ да се пронајдат нејзините родители или некој кој би знаел нешто повеќе за неа.