Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТригодишно дете исчезна во водите на Треска

Тригодишно дете исчезна во водите на Треска

Тригодишно дете попладнево паднало во водите на реката Треска, кај Чичино село во близина на Скопје, јави Телма. Детето си играло покрај реката, при што се лизнало и паднало во водата.

Мајката го пријавила случајот во полиција. Детето се` уште не е пронајдено.