HomeАЈНШТАЈНИЈААтласТригодишниот херој кој ја преживеа сибирската волчја шума

Тригодишниот херој кој ја преживеа сибирската волчја шума

Акцијата за спасување на 3-годишното дете кое било пронајдено по 72 часа лутање во шума во областа Тува, позната како дом на волци и мечки во зафрлениот дел на Сибир, завршила среќно, пишува “Siberian Times”. Како што пренесуваат руските медиуми, детето во џебот имало неколку парчиња чоколадо и спиело на листови, а локалните власти биле скептични дека детето ќе успее да преживее во дивина.
dete-spaseno-sibirska-suma-04
Во потрагата по детето биле вклучени повеќе од 100 луѓе, вклучувајќи и руското Министерство за вонредни состојби. За да бидат сигурни дека не станува збор за киднапирање, полицијата прво извршила рација во 63 куќи во селото Кут, а детето било пронајдено во шума на место оддалечено на три километри од тоа село. Докторите потврдиле дека детето е во добра состојба и дека не е повредено, пишува BBC.
dete-spaseno-sibirska-suma-03

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com