Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТрифун Костовски се враќа во политиката со ново движење

Трифун Костовски се враќа во политиката со ново движење

Трифун Костовски, бизнисменот и поранешен градоначалник на Скопје, во емисијата Топ тема на Телма најави можно враќање на политичката сцена со ново граѓанско движење кое ќе има мултиетнички карактер и за почеток ќе делува неформално, но не ја исклучува можноста потоа да се регистрира како политичка партија и да настапи на предвремените парламентарни избори во април 2016. Костовски на повеќе наврати посочуваше дека сака да учествува во политичкиот живот на Македонија и да даде свој придонес, но тие обиди не ги реализираше докрај.