Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТриесетдневен притвор за осомничените напаѓачи на Села

Триесетдневен притвор за осомничените напаѓачи на Села

Судија на претходна постапка вчеравечер одреди 30-дневен притвор за осомничените напаѓачи на пратеникот З.С., откако Основното јавно обвинителство – Скопје побара притвор за две лица во врска со овој случај, потврдија за „Мета“ од Основен суд Скопје 1.

Јавен обвинител вчера донесе наредба за истражна постапка против двете лица за наведеното кривично дело.

Полицијата вчера рано наутро извршила претрес во домот на К.Ѓ. (39), а потоа го привела заедно со неговиот татко Ц.Ѓ. (68), под сомневање дека се едни од напаѓачите на пратеникот Зијадин Села во Собранието за време на насилното влегување на група граѓани во законодавниот дом.