Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТричковски вулгарен и на празник – Ден на револуционерниот вазелин

Тричковски вулгарен и на празник – Ден на револуционерниот вазелин

Поранешниот новинар и еден од најконтроверзните автори на социјалните мрежи Бранко Тричковски со низа вулгарности пишува и на денешниот празник на кој се одбележува формирањето на Македонската револуционерна организација.

Во продолжение во целост без цензура во целост ви го пренесуваме текстот “Ден на револуционерниот вазелин”.

“На денешен ден пред 127 години е формирана организацијата која од револуционерната борба за присоединување на Македонија кон Бугарија, направи смртоносна парада пијанства и кича и со својот историски пораз во битката за Македонија, всушност, го конципираше таканаречениот “Захари меморандум” за блокада на државата и нацијата како последен обид работите да се вратат еден век наназд. Практично, Меморандумот на Захариева го напиша младата македонска држава и нација во моментот кога во недостиг на други содржини, во градинката на Историјата, реши да бркне во бугарскиот казан за да ја раскаже својата историска приказна. Мислејки дека во територијалните поими и некои патеписни белешки, ќе може да набута национални содржини. Така беа обезбедени основи тој украден мит во услови на демократија да се врати како политички концепт и да ни ебе мајката.

Тоа е приказната за ВМРО и за ВМРО-ДПМНЕ.

И за сите вмроа!

Флотантната, лесно, како и секогш, заеблива маса на макединскиот народ, се уште се мисли дали и е подобро да ја биде или да не ја биде. Сеедно дали се вморони, Бугари или само глупаци, не мал број таканаречени Македонци навиваат за блокадата односно за пропаста на македонскиот државен проект затоа што така мислат дека ќе го бутнат Заев.

Ако некој знае слични комбинации од глупост, инфантилност и мрза кај другите народи, од праисторијата до денес, нека ми пише во инбокс.

Во меѓувреме им го честитам Денот на револуционерната чорба, тој вазелин со кој Македонецот секогаш се мачка кога ќе посака да му го начукаат!

Но, да не бидеме неправедни и покрај големиот предизвик на денот:

Со оглед на сиве овие искушенија, може да се каже дека како целина добро се држиме.

Многу добро!

Никако да ме осами вербата дека со собирање на внатрешните сили, со помош на меѓународните пријатели и космичката правда, ќе го ослободиме проектот од историските заеби и позајмици, ќе ги одбраниме и ќе се искачиме на подиумот во Брисел како победници”, пишува Тричковски.