Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОБНОВЕНО:Сообраќајката кај Кичево однесе уште еден живот

ОБНОВЕНО:Сообраќајката кај Кичево однесе уште еден живот

Четворица загинати (од кои двајца малолетни) и  двајца  повредени е црниот епилог од тешката сообраќајна несреќа која се случи синоќа на магистралниот пат Кичево-Скопје.

Синоќа Од СВР Охрид информирале дека двајца од повредените се префрлени во Ургентниот центар во Скопје додека едно лице треба да биде префрлено   во специјалната болница ,,Св Еразмо” во Охрид.

Денешните информации донесоа уште една тажна вест, СВР Охрид  информираше дека лицето Деар А. (26) од кичевското село Зајас им подлегнал на повредите по пат кон специјалната болница ,,Св Еразмо” Охрид

По извршениот увид, причинте за несреќата во која се судрија две возила,( едното со кичевски, а другото со скопски регистарски таблички ) сеуште се утврдуваат