Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТри возила на АРМ се судрија кај Сопот – повредени 5 војници

Три возила на АРМ се судрија кај Сопот – повредени 5 војници

Три возила на АРМ се судрија на автопатот Скопје-Велес. Според информациите од МВР, во 12,30 ч. на Автопат Скопје-Велес, кај место викано Сопот случена е сообраќајна незгода помеѓу три службени возила на АРМ кои се движеле во конвој. Од незгодата во ГОБ Велес префрлени се 5 припадници на АРМ. Сеуште немаме карактер на повреди, а увидот се врши во моментов.