Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТри села во тетовско отсечени поради невремето

Три села во тетовско отсечени поради невремето

Три села во тетовско отсечени поради невремето. Свлечишта го блокираа пристапот до Бродец, Бозовце и Вешала. Само неколку дена од годишнината од невремето во август минатата година, повторно некои тетовски села се соочија со наноси од кал, дрвја и камења.

Локалната самоуправа и од противпожарната територијална единица веднаш излегле на терен и започнале со расчистување. Од дирекцијата за заштита и спасување информираа дека е формирано координативно тело. Невремето започна околу 15 часот и го погоди речиси целиот Полошки регион. Освен трите отсечени села, наместа поплавен е и патот кон Попова Шапка, додека пак во Голема Речица е само покачен водостојот во речните корита.

УХМР најави дека ваквото време ќе продолжи и наредните денови, а надлежните информираа дека постојано ќе ја следат состојбата на теренот.