Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТри пожари успешно изгаснати во Куманово

Три пожари успешно изгаснати во Куманово

Кумановските пожарникари со полни раце работа изминатово деноноќие, интервенирале на три пожари.

Според РЦУК Куманово,тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева . во населбата „Перо Чичо“, додекас само еден час подоцна , четворица нивни колеги интервенирале на запалено стрниште на површина од пет хекатри во кумановското село Романовце.

Пожарот бил локализиран. Интервенирано било и  на опожарена сува трева со површина од 2.000 метри квадратни во Новосељане.

Во гаснењето учествувале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.