HomeДЕНЕШНАЕкономијаТри објекти во Скопје куртулија од „барок“

Три објекти во Скопје куртулија од „барок“

27-sk-2014-update

Објектот Трготекстил кај Рамстор и двете згради помеѓу Сити галери и Градскиот трговски центар барем привремено ќе куртулат од менување на фасадите. По девет месеци од објавата и неколку поместувања на крајните рокови, Градот Скопје се одлучи да ги поништи двата архитектонски Конкурса за избор на идејни решенија за овие три објекти. Главната причина за ваквиот потег е тоа што до градските власти не била доставена ниту една понуда од архитектите. По обичај, Градот Скопје не излегува со информации за овие зафати, па така сите информации поврзани со рефасадирањето на централното градско подрачје може да се најдат единствено на веб-страницата на Бирото за јавни набавки.

Во меѓувреме, речиси една година се чека на финалните резултати од неколку распишани Конкурси од страна на градските власти. На листата за менување на надворешниот изглед се вклучени објектите на Стопанска банка во склоп на Градскиот трговски центар, неколку зданија околу неокласицистичкиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, како и објектот на банката и музичкото-балетското училиште од Културниот центар-Скопје. Градот Скопје треба допрва да одговори дали ќе ги вклучи и овие објекти во сето она што досега е изменето со проектот „Скопје 2014“.

Дел од овие архитектонски Конкурси се појавија на веб-страницата на Бирото за јавни набавки на 31 декември 2015 година, додека останатите повици до архитектите беа објавени на почетокот од 2016 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com