HomeДЕНЕШНАСкопјеТри малолетни деца затруени од енергетски пијалаци

Три малолетни деца затруени од енергетски пијалаци

178856680

Три деца на возраст од 11 и 12 години биле затруени од енергетски пијалаци – соопшти МВР.

Вчера попладне тројцата малолетници биле однесени на Детската клиника при Клиничкиот центар Мајка Терезе во Скопје.
Децата се примени на пулмо-токсиколошкиот оддел, дадена им е соодветна терапија и здражани се на понатамошно лекување. Од клиниката велат дека се во добра општа состојба. Во соопштението на МВР се наведува дека станува збор за марката ”Симбо”.

За овој случај била известена и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Инаку пред извесен период, дополнителниот заменик- министер за земјоделство, Љупчо Николовски, обвини дека во Македонија влегла пратка на енергетски пијалаци кои претставуваат закана за здравјето на граѓаните, а посебно на младите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com