Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТри крвави пресметки меѓу млади синоќа во Скопје

Три крвави пресметки меѓу млади синоќа во Скопје

Вчерашниот понеделник за малку можеме да го прогласиме за крвав бидејќи во три одделни инциденти дошло до серизни повреди на нападнати млади момчиња, но за среќа без фатални последици.

Во скопската чаршија биле нападнати 23-годишниот Н.Д. и 25-годишниот С.С. од Србија од страна на поголема група на насилници кои ги удирале со клоци и тупаници и на Н.Д му е нанесена убодна рана во градниот кош со нож.

Не било мирно ниту на најфренкфетната автобуска постојка кај улицата „Димитрија Чуповски“ каде трите момчиња И.Ц. (23), Б.З.(24) и А.К.(24) биле нападнати со стаклени шишиња исто така од група на насилници.

Во третиот индиден малолетник на улица „Женевска“ бил нападнат со боксови, а потоа бил прободен во стомакот исто така од страна на непознат сторител.