Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаТри карактеристики се клучни за успех – открива Марк Цукерберг

Три карактеристики се клучни за успех – открива Марк Цукерберг

Основачот на Facebook, Марк Цукерберг стана еден од најмладите и најбогатите милијардери во светот. Тој открива кои се трите клучни карактеристики по кои ќе препознаете дали еден претприемач или бизнисмен има шанси за успех.

Првиот чекор е да имате визија, мора да знаете однапред каде сте и каде сакате да одите, што да постигнете.
„Ако сакате да изградите нешто големо, тогаш фокусирајте се на промените кои вие сакате да ги направите во светот. Јас гледам многу претприемачи кои решаваат дека сакаат да основаат компанија, без всушност да знаат што сакаат да изградат“, советува Марк Цукерберг.

Се што планирате не можете да го постигнете сами, ви треба поддршка, совети, мотивација и укажувања.
„За да го изградите најсилниот можен тим барајте луѓе кои се надминуваат во области каде вие немате искуство или пак имате послаби вештини, ќе ви требаат за да ве надополнуваат. Не се лажете ако сте талентирани, бидејќи ќе дојде момент кога нема да може на се да одговорите“, посочува Цукерберг.

На крај Цукерберг вели дека ништо не е возможно без упорност, соништата, визијата, плановите не секогаш се реализираат како што посакувате, па затоа не треба да се откажувате и секогаш да мислите на големо.
„Луѓето зборат за успеси преќу ноќ, но тоа воопшто не е вистина, зад секоја успешна приказна нема случајности, туку само напорна работа“, заклучува Цукерберг.