HomeДЕНЕШНАСветТри децa починале во експлозија во Либија

Три децa починале во експлозија во Либија

libya-security

Најмалку три деца починале, а околу 20 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во либискиот град Бенгази. „Ројтерс“ пренесува дека експлозијата одекнала во близина на градската болница „Џала“, од каде бил забележан дим и пламен.

Очевидци тврдат дека експлодирал автомобил-бомба. Во Бенгази веќе нешто повеќе од две години траат конфликтите на Националната либиска армија и нејзините противници, предводени од исламисти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com