Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТретиот кинески воз почна да сообраќа на релација Скопје-Битола

Третиот кинески воз почна да сообраќа на релација Скопје-Битола

Новиот, трет по ред кинески воз, од вчера е пуштен во сообраќај, информира Македонски железници Транспорт АД – Сопје.

– Новиот кинески дизел-моторен воз ќе сообраќа на релација Скопје – Битола и ќе ги замени веќе истрошените стари превозни средства. Во наредниот период граѓаните ќе можат да уживаат во благодатите на уште еден таков воз – четврти по ред (дизел-моторна гарнитура), кој веќе пристигна во Македонија. Останатите два се очекуваат до крајот на мај, со што 60 проценти од возниот парк на Македонски железници Транспорт АД – Скопје ќе биде обновен, се наведува во соопштението од компанијата.

Со оваа инвестиција од 25 милиони евра, целосно се менува сликата на патничкиот железнички превоз, која сега е на ниво на развиените европски земји, соопшти МЖ Транспорт.