Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТретата најсилна партија во Германија ќе го забранува исламот

Третата најсилна партија во Германија ќе го забранува исламот

133131925

Партијата „Алтернатива за Германија“ која што според анкетите е трета политичка сила во земјата ќе се бори за забрана на исламот во земјата. Во интервју за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, заменик претседателката на партијата Беатрикс фон Шторк, најави дека АФД на следниот конгрес планира да предложи програма според која исламот е спротивен германскиот устав.

-„Исламот сам по себе е политичка идеологија која што е спротивна на уставот. Ние сме за забрана за градење минариња, пеењето на оџите и покривање на жените“, вели во интервју за весникот фон Шторк.

„Исламот сам по себе е политичка идеологија која што е спротивна на уставот. Ние сме за забрана за градење минариња, пеењето на оџите и покривање на жените“, вели во интервју за весникот фон Шторк.

Партијата е формирана во 2013 година,од страна на поранешни сопартијци на канцеларката Меркел кои не се согалсуваа со владините економски политики.Во почетокот на минатата година АФД се соочи со занчително опаѓање на рејтингот, по што пратијата за централна точка во својата политика го прогласи проблемот со бегалците по што почна драматчно да го зголемува својот рејтинг.