Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТренов даде оставка од функцијата пратеник, ќе директорува со „Водни стопанства“

Тренов даде оставка од функцијата пратеник, ќе директорува со „Водни стопанства“

Пратеникот од редовите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Ромео Тренов, поднесе оставка на функцијата пратеник, за да биде именуван на друга функција.

Тренов во оставката до Собранието, која треба да биде констатирана на првата наредна седница, пишува дека се повлекува поради именување на друга функција од Владата. Оставката е поднесена до Собранието на 21-ти октомври. Според пишувањето на 24 вести, од каде се повикуваат на партиски извори, Тренов најверојатно ќе биде назначен за директор на новооснованото Јавно претпријатие за сите водни стопанства на Македонија.