Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТренерот на Будуќност застрелан пред својата зграда

Тренерот на Будуќност застрелан пред својата зграда

Тренерот на фудбалскиот клуб Будуќност од Подгорица, Миодраг Вукотиќ е ранет синоќа, пренесува порталот Вјести. Во Вукотиќ било пукано пред зградата во која живее. Тој итно бил пренесен во Ургентниот центар и засега нема подетални информации за неговата состојба.

miodrag-vukoticИстрагата која е во тек треба да утврди кој и зошто пукал во Вукотиќ. Тој во јуни ја презема екипата на Будуќност која заврши на третото место во првиот дел од првенството во Црна Гора.