Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТренерот на Борусија Дортмунд отпуштен!

Тренерот на Борусија Дортмунд отпуштен!

Борусија Дортмунд одлучи да го разреши тренерот Томас Тухел, само неколку дена по освојувањето на Купот во финалето каде што го победи Ајнтрахт Франкфурт!

Клубот ја даде следната изјава: “Разделбата е резултат од разговорите меѓу Ханс Јоаким Вацке (извршен директор), Микаел Зорка (спортскиот директор), Томас Тухел и неговиот советник Олаф Маинкинг, кој се одржал во текот на денот, им се заблагодаруваме на Томас и неговиот тим за постигнатите спортски резултати за клубот. Дортмунд како работодавач нема да коментира за детали, што доведе до разделба, но ние ќе кажемр дека ова е резултат на еден долг процес и одобрување на управата на клубот“.

Тухел неодамна излезе во проблем со некои играчи, а последниот во серијата е изоставувањето на Нури Сахин од стартната постава во финалето на купот, кој е капитенот Шмелцер ја изкоментира како шокантна.

Главен кандидат за наследник на Тухел на клупата на Дортмунд е поранешниот тренер на Менхенгладбах и Херта, Лусијан Фавр.