Трендафил Ивановски: Џафери е избран според Уставот, Велјаноски да овозможи примопредавање
Поранешниот претседател на Уставен суд, Трендафил Ивановски, за Алсат М изјави дека Талат Џафери, на позицијата претседател на Собранието е избран согласно Уставот, законите и деловникот за работата на Собранието.
Ивановски очекува новиот претседател да продолжи со собраниската седница, да се формираат собраниските комисии и да се стави крај на ова политичко лудило, а Собранието да се врати на нормала.
Ивановски очекува кај веќе поранешниот спикер, Трајко Велјаноски да преовлада разумот и да овозможи примопредавање на кабинетот за ситуацијата да не се заострува уште повеќе