HomeДЕНЕШНАПолитикаТранспаренси Интернешнл бара одговорност од надлежните по ревизијата во МОН

Транспаренси Интернешнл бара одговорност од надлежните по ревизијата во МОН

transparency-international

Tранспаренси Интернешнл Македонија ги повикува надлежните институции да постапат по наодите од Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за образование и наука на сметката на основниот буџет за 2015 година, според кој се констатирани бројни неправилности при вработување на лица и ненаменско трошење на јавните пари кои ова Mинистерство ги имало на располагање.

„Имајќи предвид дека Извештајот на Државниот завод за ревизија содржи основани сомневања за сторени неправилности кои во себе содржат обележја на одредени кривични дела, загрижувачки е тоа што надлежните институции сè уште не реагираат на нив. Го повикуваме ДЗР согласно Законот за државната ревизија да го достави извештајот до Државната комисија за спречување на корупцијата и до ЈО на Македонија со цел за нивно натамошно надлежно постапување. Со тоа не само што не се остварува целта на постоењето на Државниот завод за ревизија, туку не се остварува ниту целта на постоењето на институциите кои се должни да реагираат во овој случај – Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство“, се наведува во реакцијата на ТИМ.

Транспаренси Интернешнл Македонија смета дека е недозволиво да се игнорираат ревизорските извештаи и поради тоа бара надлежните институции што поскоро да ги испитаат наводите од нив и да преземат соодветни чекори кон лоцирање на одговорност за сторените неправилности.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com