Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТрансмет од градилиште ги нареди багерите пред Влада

Трансмет од градилиште ги нареди багерите пред Влада

Вработените на Трансмет и денес излегоа на протест во знак на поддршка на бизнисменот Сеад Кочан кој пак, претходно тврдеше дека повеќе не е поврзан со оваа компанија и не е директор.

transmetvlada bageri (3)

Денес вработените на Трансмет од градилиштата ги наредија багерите пред Владата, а исто така продефилираше и „револтираниот“ автобус на ТВ Нова во кое е сместено нивното мобилно студио.

transmetvlada bageri (1)

ТВ Нова која пак, сега е во сопственост на Сеад Кочан упорно тврди дека преку „Труст“ истрагата на СЈО врз нив бил вршен директен медиумски притисок затоа што известувале критички за работата на Катица Јанева и тие биле со народот.

transmetvlada bageri (4)

Сеад Кочан одамна веќе не е во земјава и е во бегство и по него се трага со меѓународна потерница, но нема точни информации каде се наоѓа.