Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТрансформација кон енергетска демократија – Голем годишен настан на Изгрејсонце и GEF

Трансформација кон енергетска демократија – Голем годишен настан на Изгрејсонце и GEF

Во организација на Здружението Изгрејсонце со поддршка на Green European Foundation – GEF од Белгија, на 17.12.2020 од 18.00 до 19.30 часот ќе се одржи ZOOM вебинар на тема “Трансформација кон енергетска демократија”.

На овој настан ќе ја потенцираме потребата за подемократско и поинклузивно општество преку решенијата и искуствата  во рамките на ЕУ и земјите кандидати, како и разгледување на економски алтернативи и итноста на климатските промени.

Зелената европска фондација и Изгрејсонце во претходните три години беа пионери на темата Енергетска демократија во Северна Македонија. Со овој настан ќе продолжиме со разгледување на европските искуства во енергетскиот сектор и стимулирање на позитивни промени во Северна Македонија и регионот. На овој отворен Вебинар ќе разговараме за енергетската трансформација и ќе поставиме пат кон партиципативна, инклузивна и децентрализирана зелена економија преку промовирање на концептот за енергетска демократија.

На вебинарот ќе говорат:

  • Александар Ѓорѓиевски модератор на настанот и Национален координатор на проектот “Трансформација кон енергетска демократија”
  • Маја Морачанин, пратеничка и лидерка на зелената партија ДОМ
  • Стефан Бужаровски – Професор по хумана географија на Универзитетот во Манчестер
  • Мелани Фурлан – „Зелена енергетска задруга“ Загреб, Хрватска
  • Ервин Реџепаѓиќ – Експерт за енергетика

Линк до настанот на страната на GEF:  https://gef.eu/event/transformation-towards-energy-democracy/?_sft_tribe_events_cat=webinar

Вебинарот е отворен за сите заинтересирани, кои можат да се вклучат во дебатата преку следниов линк за регистрација: https://us02web.zoom.us/j/83121247996

Напомена: Учесниците кои имаат потреба од симултан превод, треба да направат ажурирање на апликацијата ZOOM за да ја користат оваа опција