Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТрансферот е официјализиран – Петр Чех потпиша за Арсенал

Трансферот е официјализиран – Петр Чех потпиша за Арсенал

Долго најавуваниот трансфер денеска се официјализира. 33-годишниот голман кој цели 11 години ја чуваше мрежата на Челси потпиша за Арсенал.

„Топџиите“ за Чех ќе платат 11 милиони фунти и договорот со клубот ќе трае цели четири сезони. Седумкратниот „Чешки фудбалер на годината“ изјави:
“Кога Арсен Венгер разговараше со мене за амбициите кои ги има за клубот, и фактот дека и јас сум вклучен како дел од тимот, одлуката беше јасна.“

Чех одиграл над 400 натпревари за Челси и 114 за репрезентацијата на Чешка, четири помалку од сегашниот рекордер Карел Поборски.