HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТрансфер на зимата во Премиер Лигата, „Светците“ формираат напад од соништата?

Трансфер на зимата во Премиер Лигата, „Светците“ формираат напад од соништата?

staridz640479112020151202222327

Даниел Стариџ е осуден на епизодна улога во Ливерпул. Англискиот репрезентативец го загуби местото во тимот, а Клоп предност му дава на Фирмино, Ливерпул победува, тие се најефикасен тим во лигата. Јасно е дека Стариџ ќе игра малку, па поради тоа возможно е да си побара нов клуб уште во јануари. Англиските медиуми пренесуваат дека Саутемптон би можел во јануари да го доведе на позајмица, а потоа на лето да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра.

Клод Пауел сака да формира напаѓачки тандем Остин-Стариџ, се верува дека одлично би се надополнувале во последната офанзивна линија во тимот, а со одличниот Тадиќ би можеле да сочинуваат навистина „пеколно“ трио. Тоа би значело дека Ирецот Шејн Лонг најверојатно го напушта тимот, кој го загуби местото во тимот уште од доаѓањето на Остин, а доколку пристигне и Стариџ ќе биде јасно дека тој е отпишан.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com