Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТрансфер и пол – Стерлинг во Сити за вртоглави 68 милиони евра

Трансфер и пол – Стерлинг во Сити за вртоглави 68 милиони евра

Англискиот весник „Тајмс“, кој неколку дена наназад пишуваше дека наскоро трансферот на Стерлинг во Манчестер Сити ќе биде официјализиран, ги потврди очекувањата.

Дваесетгодишниот фудбалер ќе потпише договор во времетраење од четири години, чија неделна плата ќе изнесува околу 278 илјади фунти. Фудбалската јавност ја проследува целата ситуација во неверување за цената на еден сѐ уште неискусен фудбалер, но очигледно е дека од таборот на Манчестер Сити е побитна волјата да се донесе фудбалерот отколку цената која ќе ја платат за него.

Со овие вртоглави 68 милиони евра се доаѓа до заклучок дека Стерлинг е поскап од легендарните Луис Фиго и Зинедин Зидан, како и од Санчес, Азар и Агуеро кои во моментов се едни од најдобрите фудбалери во Премиер лигата.