HomeДЕНЕШНАСветТрамп: Социјалните мрежи ми помогнаа да победам

Трамп: Социјалните мрежи ми помогнаа да победам

tramp-kampanja

Новиот претседател на САД Доналд Трамп е воодушевен од современиот начин на комуницирање преку социјалните мрежи, смета дека тие му помогнале да победи на претседателските избори и верува дека ќе продолжи да допре до народот на овој начин и кога ќе ја преземе должноста. Трамп за американските медиуми изјави дека социјалните мрежи се алат за борба против неточните информации во медиумите и најверојатно ќе ги користи и во иднина.

„Не велам дека ми се допаѓа, но пораката поминува. Кога ќе се објави неточна приказна или било што, тоа е методот со кој ќе возвратам“, изјави Трамп. Додаде дека ќе се воздржува, но и дека никој не треба да се срами од она што го мисли и она што ќе го искаже преку социјалните мрежи.

„Според мене тоа е супер. Тоа е модерен начин на комуникација. Не треба од ништо да се срамиме. Сметам дека социјалните мрежи ми помогнаа да победам во одредени сегменти. Мислам дека социјалните мрежи имаат поголема моќ од парите“, нагласи Доналд Трамп.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com