Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТрамп се радува што „Британците си ја вратиле својата земја“

Трамп се радува што „Британците си ја вратиле својата земја“

Скандалозниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, денеска пристигна во Шкотска од каде порача дека е „извонредна работа” што народот на Велика Британија на референдумот гласал за излегување од Европската унија и ја „вратил својата земја”.

„Guardian“ забележува дека е интересен тајмингот за посетата на Трамп на Шкотска, каде тој стигна на своите голф терени на ден по одржувањето на британскиот референдум. Според милијардерот, „Велика Британија нема да биде последна држава која излегува од унијата, односно и други земји би можеле да го следат нејзиниот пример.

Пред гласањето Трамп изјави дека е наклонет кон напуштање на Унијата. Тој имаше „размена на навреди“ со британскиот премиер Дејвид Камерон, кој го поддржуваше останувањето на земјата во ЕУ и по референдумот најави дека ќе поднесе оставка.