HomeДЕНЕШНАСветТрамп: Републиканските лидери ми ја отежнуваат кампањата

Трамп: Републиканските лидери ми ја отежнуваат кампањата

Претседателскиот кандидат Доналд Трамп изјави дека шефот на Претставничкиот дом Пол Рајан, репуликанец со највисока положба во САД, му ја отежнува борбата за Белата куќа. Рајан практично го призна поразот на Трамп и изјави дека повеќе нема да го брани поради неговите непримерни изјави, туку дека ќе се и се посвети на изборите со цел да го заштити републиканското мнозинство во Претставничкиот дом.

Трамп во порака на Твитер изјави „И покрај убедливата победа во втората дебата тешко е да се работи добро кога Пол Рајан и другите не ти даваат никаква поддршка“. По релативно доверливите анкети, Хилари Клинтон беше подобра во втората претседателска дебата. Не е јасно на кои анкети се повикува Трамп, но после првата анкета, која според општите проценки ја загуби, цитираше маргинални анкети за да ја потврди својата победа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com