HomeДЕНЕШНАСветТрамп првата средба со странски лидер ќе ја има со Абе, Јапонија не му верува

Трамп првата средба со странски лидер ќе ја има со Абе, Јапонија не му верува

Доналд Трамп уште пред официјално да седне во Овалната соба како 45-ти претседател на САД ќе оствари средба со странски лидер и тоа со јапонскиот премиер Шинзо Абе по инсистирање на Јапонија која е загрижена бидејќи во текот на кампањата контроверзниот милијардер посочи дека ќе ја намали воената помош за своите сојузници, особено за држави како Јапонија кои се пребогати, а чекаат на САД.

САД и Јапонија имаат клучно сојузништво во глобални рамки по завршетокот на Втората светска војна кога Америка му помогна на Токио да ја обнови економијата. Средбата меѓу Трамп и Абе ќе се организира во Њујорк.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com