HomeДЕНЕШНАСветТрамп прогласен за почесен граѓанин на албански град

Трамп прогласен за почесен граѓанин на албански град

tramp

Градското собрание на албанскиот град Камза го прогласи новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп за почесен граѓанин на овој град. Одлучено е дека Трамп, кој е „револуционерен модел на новиот демократски поредок, економски експерт, остроумен комуникатор и лидер на модерното време“, да стане почесен граѓанин на овој град кој се наоѓа многу блиску до Тирана.

Со оваа одлука Трамп е пофален бидејќи „понудил најдобра надеж за сите Американци кои со право се чувствуваат издадено од политичката класа“. Камза е град познат по тоа што имињата на улиците му се дадени според светски градови и познати личности.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com