Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТрамп призна: Обама е роден во Америка

Трамп призна: Обама е роден во Америка

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп изјави дека повеќе не верува дека Барак Обама е роден надвор од Соединетите Американски Држави, прекинувајќи ја на тој начин расправата околу теоријата за завера која претставува камел темелник на неговата политичка кампања. „Претседателот Обама е роден во САД, точка. Сега сите сакаме да ја засилиме Америка“, изјави Трамп на отворањето на својот нов хотел во Вашингтон.

Трамп истовремено ја обвини Хилари Клинтон дека го поставила истото прашање за време на нејзината кампања во 2008 година, иако за тоа тврдење не поднесе ниту еден доказ. „Хилари Клинтон и нејзиниот тим во 2008 година започнаа постапка околу контроверзите поврзани со неговото место нараѓање. Јас завршив“, изјави Трамп. Барак Обама ги прекина шпекулациите околу неговото родно место уште во 2011 година кога покажа документ кој јасно укажува дека е роден на Хаваите.