Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТрамп прифати да биде претседателски кандидат на Републиканската партија

Трамп прифати да биде претседателски кандидат на Републиканската партија

Доналд Трамп синоќа изјави дека со смиреност и благодарност прифаќа да биде кандидат на Републиканската партија за нов американски претседател, на изборите што ќе се одржат во ноември.

– Нашата партија ќе се врати во Белата куќа, нашата земја ќе си ја врати сигурноста, благосостојбата и мирот. Ние ќе бидеме земја на изобилство и топлина, но ќе бидеме, исто така, и земја во која ќе царува јавниот ред – изјави милијардерот на почетокот од својот говор на партискиот Конвенција во Кливланд.

Трамп го обвини својот политички ривал од Демократската партија, Хилари Клинтон, дека нејзиното наследство како државен секретар од првиот мандат на претседателот Барак Обама се изразува со „смрт, разурнувања, тероризам и слабост“.