HomeДЕНЕШНАСветТрамп по смртта на Кастро се надева на ослободување на Куба

Трамп по смртта на Кастро се надева на ослободување на Куба

castro-tramp

Доналд Трамп кој уште во текот на изборната кампања имаше жестоки забелешки против власта во Куба по смррта на Фидел Кастро, лидерот на кубанската револуција го нарече „брутален диктатор, кој го потиснувал својот народ шест децении“, пренесоа светските медиуми.

„Додека Куба продолжува да биде тоталитарен остров, се надевам од денес ќе почне да се забележува оддалечување од хоророт кој го трпат премногу долго, и да се тргнува кон иднина во која прекрасните кубански луѓе конечно ќе живеат во слобода, која така ја заслужуваат“, соопштува Трамп во соопштението.

„Нашата администрација ќе направи се што може за кубанскиот народ да може да го започне своето патување кон просперитет и слобода“, додаде Трамп.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com