HomeДЕНЕШНАСветТрамп по огромните критики веќе не е голем фан на Путин

Трамп по огромните критики веќе не е голем фан на Путин

Претседателскиот кандидат Доналд Трамп го менува ставот за рускиот претседател Владимир Путин и ги повлече фалбите кои ги упати на негова адреса велејќи дека ниту го сака, ниту го мрази. Трамп се соочи со огромни критики дека е под руско влијание бидејќи голем дел од неговите советници за кампањата имаат бизниси како и самиот тој во Русија и дека имале средби со руски разузнавачи кои одговораат директно пред Путин.

„Можеби ќе имаме добри односи. Можеби ќе имаме ужасни односи. Можеби нашите односи ќе бидат некаде помеѓу“, изјави Трамп на предизборен митинг во Невада, оценувајќи дека има време за градење на врски со Путин и Русија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com