Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТрамп: Нема државјанства за деца на илегални мигранти

Трамп: Нема државјанства за деца на илегални мигранти

Доналд Трамп продолжува да ја бранува американската јавност со кампањата за претседател и неговата најнова заложба е забрана за добивање на државјанство на децата на илегалните мигранти кои ќе бидат родени на територија на САД. Милијардерот се обидува да ги привлече најконзервативните гласачи во Америка кои се во потешка економска состојба и главни виновници за слабо платените работни места им се токму мигрантите.

trump-1

Според законите на САД државјанство се добива и по принципот на раѓање и секое дете го има ова право без оглед на тоа од каде потекнуваат неговите родители. Токму со укинувањето на ова право Трамп смета дека ќе се намали миграцискиот процес и голем број на лица ќе бидат демотивирани нелегално да се преселат во САД.

Во САД според статистиките има меѓу 11 и 30 милиони нелегални мигранти кои работат и живеат на црно, но нивните деца се државјани, па депортацијата би била премногу екстремен чекор, на кој Трамп вели дека е подготвен.