HomeДЕНЕШНАСветТрамп нема да формира СЈО против Хилари Клинтон

Трамп нема да формира СЈО против Хилари Клинтон

hilari-i-tramp

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најверојатно нема да назначи специјален јавен обвинител кој би ги истражувал постапките на Хилари Клинтон додека беше државен секретар користејќи приватен сервер за испраќање и прием на електронски пораки, вклучувајќи и такви со осетлива содржина и државни тајни.

За време на кампањата Трамп и се закани на Хилари дека местото и е во затвор и за тоа ќе се погрижи неговиот специјален обвинител. Сепак, сега Трамп ги омекнува ставовите, нема волја да ја продолжи истрагата за неговата демократска ривалка Хилари Клинтон, иако се уште докрај не ја отфрлил оваа опција, објави новинар на весникот Њујорк Тајмс на својот профил на Твитер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com