HomeДЕНЕШНАСветТрамп најави преиспитување на односите САД – Куба

Трамп најави преиспитување на односите САД – Куба

donald-tramp1

„Ако Куба не сака да направи подобар договор за кубанскиот народ, за Кубанците и за Американците, како и за САД во целина, јас ќе го ревидирам договорот“, напиша Трамп на Твитер.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги преиспита затоплените односи на претседателот Барак Обама со Куба, досега најасен показател дека историското обновување на односите меѓу двете држави е под закана.

Неговиот твит одговара со изјавата што ја кажа пред неколку месеци за договорот САД-Куба, за кој смета дека е едностран, во корист на Хавана.

Шефот на кабинет на Трамп, Рејнс Прибус вчера изјави дека избраниот претседател апсолутно посакува да ја разгледа отвореноста на Обама кон Куба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com