HomeДЕНЕШНАСветТрамп најави дека ќе депортира три милиони нелегални мигранти

Трамп најави дека ќе депортира три милиони нелегални мигранти

donald-tramp

Избраниот претседател на САД Доналд Трамп изјави дека ќе депортира два до три милиони мигранти, кои се без документи, веднаш по стапувањето на функцијата. Во првото телевизиско интервју од победата на претседателските избори, Трамп истакна дека ќе ја спроведе имигрантската политика која ја заговараше за време на изборната кампања, дополнувајќи дека ќе биде изграден и ѕид на границата со Мексико.

„Она што ќе го направиме е тоа дека луѓето кои се криминалци или имаат криминално досие, кои се членови на банди, дилери на дрога, а вакви луѓе има два до три милиони, ќе ги депортираме од државата или ќе ги притвориме“, изјави Трамп за емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес.

„Ќе ги истераме од државата, бидејќи тука се илегално“, истакна Трамп. Тој објасни дека дури кога границата ќе биде „безбедна“, тогаш Бирото за имиграција ќе го процени статусот на преостанатите имигранти во земјата, кои се без документи. На прашањето дали навистина планира изградба на јужната граница, Трамп едноставно одговори: Да.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com