HomeДЕНЕШНАСветТрамп го откажа состанокот со претставниците на „Њујорк Тајмс“

Трамп го откажа состанокот со претставниците на „Њујорк Тајмс“

tramp-f2

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп објави на својот „Твитер“ профил дека го откажал состанокот со претставниците на „Њујорк Тајмс“ бидејќи тие во последен момент го промениле времето на одржување на средбата. Трамп напиша дека „не е убаво кога времето и условите за одржување на состанок ќе се променат во последен момент“.

Нешто подоцна откри дека е возможно состанокот да биде одржан во нов термин, но и наведе дека тој лист во меѓувреме продолжил да пишува за него неточни информации и со непријатен тон. За време на својата кампања, Трамп го критикуваше „Њујорк Тајмс“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com