HomeДЕНЕШНАСветКој ќе биде министер на Трамп со мисија да го сруши Обамакер

Кој ќе биде министер на Трамп со мисија да го сруши Обамакер

133458381

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, го избра конгресменот од Џорџија, Том Прајс, на функцијата секретар за здравство. Прајс е познат по критиките на реформите во здравството познати како Обамакеар. За време на кампањата, Трамп велеше дека ќе го поништи планот, но оттогаш има изјавено дека можно е да задржи одредени делови од него.

Трамп се сретна со уште еден можен кандидат на функцијата државен секретар, поранешниот директор на ЦИА и генерал во пензија Дејвид Петреус. Пред позицијата во ЦИА, Петреус беше американски командант во Ирак и ги предводеше силите на НАТО во Авганистан. Тој беше приморан да даде оставка на функцијата во 2012, заради давање доверливи информации на жена која ја пишувала неговата автобиографија и со која имал вонбрачна афера.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com