HomeДЕНЕШНАСветТрамп ги избра најважните соработници – Ова е новиот шеф на ЦИА

Трамп ги избра најважните соработници – Ова е новиот шеф на ЦИА

majk-pompeo

Неофицијално Трамп си ги избра најблиските соработици. Се работи за функциите главен правобранител, директор на ЦИА и советник за национална безбедност.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп наводно го избрал републиканскиот сенатор на функцијата главен правобранител. Познато е дека сенаторот Сешнс обезбедуваше силна поддршка за Трамп уште од почетокот на неговата претседателска кампања. Дополнително, Трамп наводно го именувал и конгресменот Мајк Помпео на функцијата директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), а пензионираниот генерал-полковник Мајк Флин на функцијата советник за национална безбедност – пишува гласот на Америка на македонски.

За разлика од Сешнс и Помпео, за Флин нема да биде потребна потврда од Сенатот.

Ова ќе биде новиот шеф на ЦИА.
Мајк Помпео, по потекло од сојузната држава Канзас, беше еден од првата група членови на движењето „Ти парти“, кои беа избрани во Конгресот во 2010-та година. Трамп истакна дека Помпео ќе биде „брилијантен и беспрекорен лидер“ на ЦИА. Педесет и две годишниот Помпео е близок соработник на избраниот потпретседател Мајк Пенс. Тој важи за еден од острите противници на нуклеарниот договор со Иран под раководство на претседателот Барак Обама.

Сешнс можно е да се соочи со тешки прашања за време на сослушувањето, дури од републиканците кои ќе ја имаат контролата во Конгресот. Сешнс своевремено наиде на жестока критика заради наводните расистички коментари додека работел како правобранител во Алабама, сојузната држава којашто во моментов ја застапува.

Сешнс е исто така познат и по неговите ставови против имиграцијата. Тој беше против повеќето од имиграционите предлог-закони во Сенатот изминативе две децении, вклучувајќи ги и оние кои поддржуваат легална имиграција. Советник на сенаторот Сешнс му помогнал на новоизбраниот претседател Трамп во претставувањето на неговата имиграциона политика.

Флин се чини дека ќе има голема улога во одлуките на Трамп во однос на надворешната политика. Педесет и седум годишниот демократ е воен ветеран и генерал во пензија со три ѕвездички, една од највисоките можни позиции. Тој е поранешен директор на Агенцијата за разузнавање при Одделот за одбрана, именуван од претседателот Обама.
majk-flin
На оваа функција беше две години пред во 2014-та да замине во пензија, откако наводно бил отпуштен заради неговите лоши менаџерски способности.

Флин минатата година беше критикуван од поранешните колеги, кога во Москва се појавил до рускиот претседател Владимир Путин за време на луксузен настан за државната телевизија „Раша тудеј“ (Russia Today). Флин подоцна изјави дека му било платено да се појави на настанот, како и тоа дека верувал дека „Раша тудеј“ не била различна од некои други американски тв-станици.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com