HomeДЕНЕШНАСветТрамп: Ќе се повлечам од бизнисот и ќе се посветам на водењето на државата

Трамп: Ќе се повлечам од бизнисот и ќе се посветам на водењето на државата

tramp-f2

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека комплетно ќе се повлече од неговиот бизнис за да се фокусира на претседателската функција, за да нема конфликт на интереси.

Тој преку Твитер кажа дека на 15-ти декември ќе одржи прес-конференција и ќе ја образложи одлуката.

Во меѓувреме, поранешниот извршен директор на Голдман Сак Стивен Мунчин, е номиниран од страна на Трамп за иден секретар за финансии, додека милијардерот Вилбур Рос на функцијата секретар за трговија.

Трамп работи на составување на кабинетот од изборите на 8-ми ноември, наваму. Во моментов се` уште не е познато името на идниот државен секретар, а во игра се поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни, поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулијани, сенаторот од Тенеси Боб Коркер и поранешниот директор на ЦИА Дејвид Петреус.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com