Wednesday, Aug 16, 2017
HomeДЕНЕШНАСветТрамп доминираше на дебатата – Навреди, жестоки напади и дрскост

Трамп доминираше на дебатата – Навреди, жестоки напади и дрскост

Доналд Трамп доминираше на првата претседателска дебата меѓу републиканските кандидати. Како што се очекуваше дрскиот милијардер го опрадва своето реноме со навредливи зборови кон останатите кандидати и водење на жестока реторика за неспособните политичари кои само зборат, а всушност ништо не превземаат.

fox-rebublican-presidential-debate-lineup-2015

Милијардерот ги повтори своите ставови дека политичарите се глупави и тешки морони неспособни да преговараат со странските влади на Мексико, Јапонија и Кина кои ја уништуваат американската економија со штетни трговски договори. Тој исто така се заложи за построга контрола на јужната граница и справување со нелегалните мигранти, а останатите кандидати ги обвини дека се слабаци кои ништо нема да превземат.