Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаТрамп бара затворска казна за раперот Снуп Дог поради музички спот!

Трамп бара затворска казна за раперот Снуп Дог поради музички спот!

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека раперот Снуп Дог би требало да биде уапсен поради музички спот во кој пука во главата на Кпамп, кловн кој личи на претседателот на САД. „Можете ли да замислите каква би била реакцијата доколку Сноп Дог, со својата пропадната кариера и останато, пукал во претседателот Барак Обама? Време за затвор“, наведе Трамп на Твитер.

Во контрадикторниот спот Снуп Дог се појавува со пиштол играчка и пука во кловн кој личи на Доналд Трамп. Адвокатот на Трамп изјави дека е во шок и дека очекува раперот да му се извини на претседателот.