Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТрајковска: Се требаше да заврши од силување преку медиумите во обид за убиство со сталак

Трајковска: Се требаше да заврши од силување преку медиумите во обид за убиство со сталак

Новинарката Оливера Трајковска во гостувањето на 360 степени на Алсат М посочи дека во крвавото сценарио во Сибранието минатата недела меѓу другото посакувана цел била целиот настан да оди во живо преку медиумите за да има поголем и пострашен ефект.

– Ние не разбравме дека кога во кампањата Груевски рече „Да беше Гоце жив ќе му го пратеше Ќосето, немаше да разговара со Заев“, на крајот некое ќосе околу него одлучи да ги собере ќосињата што ги познаваат, откако претходно ги заведоа во разни легални организации, патриотски здруженија, народни фронтови за заштита. Симболично, така како што Груевски го отпочна силувањето на македонското општество и на македонската јавност, користејќи ги и обилно плаќајќи ги микрофоните и камерите, тие ја обликуваа јавноста како што сакаше Груевски, настаните сакаа на крвавиот четврток, еднакво симболично целата таа приказна да заврши од силување преку медиумите во обид за убиство со сталак којшто исто така е важен дел од приказната за камерите и микрофоните – рече Трајковска.

Таа зборуваше и за тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и Никола Тодоров им помогнаа на своите колеги од парламентарното мнозинство кои беа мета на напади.

– Мислам дека кога разговараме зошто некои луѓе од ВМРО се појавија меѓудругото во одбрана таму на своите колеги, колку што сакам да ја почитувам нивната, можеби човечност, меѓутоа исто така не сакам да одречам дека во нив има и политичка рационалност. Во тој момент бранењето од убиство на колегите во прв ред беше одбрана од непосредната и директна смрт, во истиот момент, на ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека тоа на Влатко Ѓорчев во истиот момент му е јасно, а нешто подоцна и на Тодоров – рече Трајковска.

Трајковска рече дека прво умреа жалните врби, затоа што беа погрешно насаден концепт, а, како што истакна, приказната со ВМРО-ДПМНЕ природно умре заедно со палмите, затоа што исто така беше концепт кој не ќе може да вирее на подолг период.